Жените претприемачки се претставија на регионалниот саем за социјални претпријатија во Велес

Здружени жени од општина Свети Николе и општина Лозово учествуваа на првиот саем за социјални претпријатија од Вардарскиот регион.

Граѓанска иницијатива ГИЖ од Свети Николе, во соработка со НВО Инфоцентар, на 8 жени од Сопот, Мустафино, Стањевци, Дорфулија и Лозово им овозможи здружено да учествуваат на првиот регионален саем на социјални претпријатија од Вардарскиот регион кој се оддржа  на 12 ноември 2021 на градскиот плоштад во Велес.

Тие се преставија  со свои производи, природен мед од МЕДЕНА ЗЕМЈА, домашно овчо и кравјо сирење, домашна лозова ракија, тикви , ореви, грав и др. Активноста се реализираше во рамки на проектот “Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво” , со идеја здружување, економско зајакнување и активно учество на жените од општините Свети Николе и Лозово.