Jавната дебата „Женско лидерство како огледало на заедницата“, 

На ден 18.09.2026 година во Големата сала во Општина Свети Николе се одржа јавна дебата„Женско лидерство како огледало на заедницата“, во рамки на проектот Жените го преземаат водството во локалните заедници, настан организиран од Хуманитарното здружение „Мајка“ Куманово во соработка со ГИЖ Свети Николе.Во рамки на дебатата беа презентирани наоди од терен, искуства на жени од локалните заедници и ставови на институционални претставници, со посебен акцент на жените од руралните средини.

Јавната дебата е дел од проектот „Жените го преземаат водството во локалните заедници“, финансиран од Европската Унија, ко-финансиран од Шведска, а имплементиран од The Kvinna till Kvinna Foundation во партнерство со Акција Здруженска и Хуманитарното здружение „Мајка“ Куманово.