Јавна дебата “ Од граѓански приоритети до локална промена-што е реализирано, a што останува?”

На јавната дебата беа презентирани наодите од следењето на граѓанските приоритети во Општина Свети Николе. На дебатата беа поканети преставници на општинската администрација, локалните институции, граѓански организации и граѓани.

Посебно внимание беше посветено на потребите и очекувањата на граѓаните , вклучително и на жените од општината , како и на прашањето што е реализирано, што сеуште не е реализирано и кои се следните чекори за исполнување на утврдените приоритети.

Оваа активност е во рамки на Форумот за граѓански дијалог на НВО Инфоцентар и меѓународниот центар Олоф Палме