За Нас

ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА НА ЖЕНИ - ГИЖ

Здружението на граѓани Граѓанска иницијатива на жени –ГИЖ од Свети Николе е  невладина, непартиска и непрофитабилна организација  основана во 2001 година во Свети Николе како неформална група, како НВО е регистрирана  во 2002 година,  составена од членки од различни сектори: жени од бизнис секторот, локална самоуправа, жени членки од  политички партии, новинари, од државни органи, синдикат, НВО, невработени и др.

 

“Жените се посветени  за  унапредување на родовата еднаквост, мирот и безбедноста, општество без насилство, економски развој.”

Визија

Визијата на Граѓанска иницијатива на жени е жените од општина Свети Николе ги гледаме рамноправни, економски зајакнати ,  и висок процент жени на  одлучувачките места, развој и мир.

Мисија

Мисијата на Граѓанската иницијатива на жени – Свети Николе е да работи на унапредување на родовата еднаквост , зголемено учество на жените на одлучувачките места, промовирање на мирот и ненасилство, подобрување економската положба на жените преку развој на женско претприемаштво.

Главни цели на организацијата

  1. Зголемување на застапеноста и учество на жените во структурите на одлучување на локално и национално ниво и нивна активна партиципација во креирање на родовите политики во Република Северна Македонија,
  2. Намалување на невработеноста и сиромаштијата кај жените, зајакнување на личните капацитети на жените за конкурентен настап на пазарот на трудот, развој на претприемништвото и економска независност
  3. Превенција на семејното насилство, подобрување заштита на жртвите на семејно насилство, подобрување на легислативата што се поднесува на спречување на родово базирано насилство вклучувајќи ги и семејните насилства
  4. Мобилизирање на жените и младите во мултикултурните општества во промовирањето на позитивните цели и идеали за толеранција, еднаквост, достоинство, човечки права, граѓански активизам демократија, , имплементација на резолуцијата 1325 во РМ.
  5. Зајакнување на капацитетите на членките на организацијата за активно делување на полето на демократијата, родовата рамноправност, човековите права и социјалната инклузија

Извештаи

СТРАТЕШКИ ПРИОРИТЕТИ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА

ОРГАНИЗАЦИЈА НА УЧЕЊЕ И ЗНАЕЊЕ

Зајакнување на капацитети на организацијата и финансиска одржливост

Зајакнување и проширување на внатрешна структура на ГИЖ

ЗАЈАКНУВАЊЕ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА РОДОВАТА ЕДНАКВОСТ

Вклучување на родовиот концепт во програмите и Буџетот на општина Свети Николе, 

Зајакнување и поддршка на жените за нивно поголемо  учество во политичкиот , економскиот и општествениот живот, преку обуки семинари, трибини и друг начин на еманципација

МЕСТО ВО ЗАЕДНИЦАТА

Вклучување во отворено локално партнерство со ЕЛС Свети Николе, соработка со локални и државни институциите,  соработка со женски НВО, жени од руралните средини