На 15 Октомври секоја година се одбележува Меѓународниот ден на руралните жени. Овој ден ја одбележува клучната улога што жените ја играат во обезбедувањето на одржливост на руралните домаќинства и заедници.
На глобално ниво, жените сочинуваат 43 проценти од земјоделската работна сила и играат клучна улога во поддршката на безбедноста на храната во домаќинствата и во заедницата. Но, структурните бариери и дискриминаторските општествени норми продолжуваат да ја ограничуваат моќта на жените за донесување одлуки и политичкото учество во руралните домаќинства и заедници.
Граѓанска иницијатива на жени ГИЖ, покрај долгогодишното искуство и соработка со руралните жени има чест да ја искаже поддршката кон нив. Меѓународниот ден на руралните жени е погодно време да ги направиме посилни гласовите на руралните жени. Руралните жени претставуваат значителен и витален удел на човештвото. Да ги поддржиме руралните жени , тие се дел од нашата заедница!