Во соработка со Акција здруженска и UN WOMEN организиравме средба за вмрежување на жените од селата Лозово и Дофрулија.
На иницијатива на познатата Атиџе Муратова од оскаровецот „Медена земја“ средбата се одржа во нејзиниот двор.
Тема на средбата беше лобирање и застапување, како и споделување искуства на жените од двете села во организирање и самозастапување пред локалните или националните институции за решавање на приоритети во нивните заедници.
За крај, Атиџе Муратова ја збогати средбата со песната „Македонско девојче“ и светски познатиот природен мед од „Медена земја“.