Чекална за подобро здравје на ден 03.10.2026 година беше во Свети Николе каде се одржа третата јавна трибина „Корупција во здравството – да зборуваме отворено“.
Еден од главните зaклучоци од денешната дискусија беше дека неинформираноста и ранливоста на пациентите и вкоренетата култура на фаќање „врски“ и давање мито ја „хранат“ корупцијата во јавното #здравство.
Учесниците се согласија дека граѓаните и здравствените работници кои работат чесно и одговорно имаат заеднички интерес, а тоа е здравствен систем во кој правилата важат еднакво за сите, услугите се достапни без привилегии, а неправилностите можат да се пријават без страв.
Локалните граѓани кои присуствуваа побараа поефикасни здравствени служби и јасни правила при закажувањето прегледи и наплатувањето на здравствените услуги.
Клучни чекори во борбата против корупцијата треба да бидат поголема транспарентност на здравствените институции и повисока доверба во механизмите за пријавување.
Настанот го организиравме во соработка со нашата партнерска организација Граѓанска иницијатива на жени – ГИЖ Свети Николе. Јавната трибина се одржа во рамки на проектот „Посилен систем за поправедна заштита: Намалување на корупцијата во здравството“ кој Здружението ЕСЕ го спроведува со поддршка од Expertise France преку AFD – Agence Française de Développement.






