Граѓанска иницијатива на жени од Свети Николе активно се вклучи во Караванот со наслов #СтоимеЗаедно – #WeStandTogether – #Qëndrojmësëbashku со прибирање храна и хигиенски средства како помош за најзагрозените.
Караванот го организира Банка за храна МК, со поддршка на Европска Унија преку проектот ВСС Ефект, а овој пат и со поддршка од Општина Свети Николе.
Денеска, во Свети Николе и Куманово беа собрани над 160 пакети храна и хигиенски средства. Тие ќе се донираат на загрозени и сиромашни семејства во Струмица.
Голема помош за дистирбуција на помошта доаѓа од Центарот на зависиници од дрога и алкохол РЕТО во с.Батинци.