Програма за учество на жените 09/11/2023
На 09.11.2023 година во салата на општина Свети Николе се одржа консултативно планирачка средба со жени од 7 рурални средини од општина Свети Николе и општина Лозово.
Цел: Претставничките на женските кружоци од Ерџелија , Мустафино , Амзабегово , Сопот , Горобинци, Лозово и Дорфулија дискутираат за претходно детектираните приоритети, проблеми, потреби кои треба да се решат, приоритети кои би требало да се планираат во програмите и Буџетите за 2024 година.
Беа презентирани досега предложените приоритети од страна на жените, се отвори дискусија по истите.
Се утврдија следните препораки:
Да се оствари средба со градоначалникот на општина Свети Николе и општина Лозово.
Граѓанската иницијатива на жени од Свети Николе да им помогне на женските кружоци во составување на приоритетите и решенијата.
Да се организираат форуми во 7 месни заедници во општина Свети Николе и општина Лозово за да се вклучат што повеќе жени во утврдување на приоритети.
Оваа активност е дел од проектот „Вклучи се, да бидеш гласна – против маргинализација“ поддржан од ЕУ-Механизам за граѓанска отпорност МГО во рамките на проектот финансиран од ЕУ „Техничка помош за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Север. Македонија“.