Програма за учество на жените 22.09.2023
Цел на оваа работилница беше жените од руралните средини да стекнат вештини за успешно застапување за нивните приоритети. Преку практична работа да стекнат знаења за елементите на планот за застапување.
Секоја група разви план за застапување за најприоритетните прашања.
Заклучок:
Жените имаат основни познавања за застапување на нивните приоритети, но сепак им е потребна менторска поддршка од Граѓанската иницијатива на жени Свети Николе.
Потребна е континуирана едукација за застапување на некои жени.
Изработката на плановите за застапување овозможува конкретни чекори и насоки за навремено планирање и спроведување на идните активности и за постигнување на посакуваните резултати.
Препораки
Да подготви и поднесе барања за средби со координаторот за еднакви можности, советниците, вработените во општинската администрација и со градоначалникот на општина Лозово.
Граѓанската иницијатива на жени од Свети Николе да им помогне на женските кружоци во составувањето на барањата за состаноци.
Граѓанската иницијатива на жени од Свети Николе да продолжи со зајакнување на капацитетите на жените за успешно застапување на приоритетите.
Да се одржат координативни состаноци помеѓу Граѓанската иницијатива на жени од Лозово и жените од сите локации пред одржување на средби со претставници на локалната самоуправа.
Најмалку 5 жени од секој женски круг да присуствуваат на состаноците за да ги застапуваат нивните приоритети.
Акцијата е подржана од Механизмот за граѓанска отпорност (МГО) ЕУ во рамки на проектот финансиран од ЕУ “ Техничка помош за подобрување овозможувачка средина за граѓански организации во Република Северна Македонија”.