Форум за граѓански дијалог во Свети Николе

Во пресрет на Локалните избори 2021, Граѓанска иницијатива на жени Гиж од Свети Николе организираше Јавна дебата на кандидатите за градоначалници на општина Свети Николе со гражаните.

Кандидатите се соочија со граѓаните и дебатираа за проблеми, потреби и приоритети во општината, а ги презентираа и своите предизборни програми.

Целта на проектот „Форум за граѓански дијалог“, помогнат од Меѓународниот центар „Олоф Палме“ од Шведска, е да го поттикне учеството на граѓаните во јавната дискусија за приоритетите, проблемите и потребите во девет општини (Центар, Битола, Кавадарци, Тетово, Струга, Штип, Свети Николе, Крива Паланка, Демир Хисар. Проектот го спроведуваат шест партнерски организации – НВО Инфоцентар, Младински културен центар – Битола, Центар на заедницата на општина Струга, Гласен Текстилец, Мултикултура и Идеа ЈИЕ – во соработка со уште три граѓански организации – Спектар, Граѓанска иницијатива на жени од Свети Николе и Центар за развој на медиуми.