Фокус група со жените од с. Сопот

Граѓанската иницијатива на жени Свети Николе, на 19 јули годинава, одржа фокус група со жените од село Сопот.

Цел на средбата беше да се добијат информации за тоа колку жените се запознаени со работата на единиците на локална самоуправа, со кои проблеми се соочуваат и дали и колку се мотивирани да се вклучат во процесите на планирање, спроведување и набљудување на политиките на локално ниво.

Фокус групата се одржа во рамките на проектот „Вклучи се во родови и локални политики 2“, поддржан од буџетот на општина Свети Николе.