Во просториите на Граѓанска иницијатива на жени, на 20.12.21 год. со почеток во 18:30 часот се одржа средба со дел советниците од општина Свети Николе. На средбата се разговараше за проблемите и приоритетите на жителите на општина Свети Николе , кои ние ги имаме детекирано по оддржани средби со жителите. Разговаравме за повеќе области како Социјална заштита, комунални дејности, Образование, Животна средина , Локален економски развој, Култура у спорт.
Од стана на советниците беа презентирани дел од програмите за 2022 година.
Советниците изразија желба за понатамошна соработка со ГИЖ.
Активноста е дел од проектот Граѓанска алијанса за локални прогресивни промени , поддржан од НВО Инфо центар