На ден 22.04.2026 годинана Меѓународниот Славјански Универзитет во Свети Николе Здружението Граѓанска иницијатива на жени ГИЖ Свети Николе одржа работилница со студенти на тема:
“Посилен систем за поправедна заштита: Намалување на корупцијата во здравството”.
Во рамки на работилницата се разговараше за: здравствените права на граѓаните, што преставува корупција во здравството, како да се препознае и каже “НЕ” доколку се најдеме во таква ситуација, каде и како да се пријави корупција.
Преку интерактивна дискусија , студентите активно учествуваа , споделуваа мислења и предлагаа решенија за поголема транспаренност и отчетност во здравствениот систем.
Веруваме дека информираноста и охрабрувањето на младите се клучни чекори кон намалување на корупцијата и градење на поправедно општество.
Проектот го спроведува Граѓанска иницијатива на жени Свети Николе во партнерство со Здружението Еманципација Солидарнос и еднаквост ЕСЕ, со подршка на Фондот за борба против корупција, имплементиран од Expertise France и финансиран од Француската агенција за развој.





