Во салата на Советот на општина Свети Николе на 11.06.2026 се одржа консултативно застапувачка средба со жени од 7 женски кружоци од општина Свети Николе и преставници од институциите и општината.
На средбата беа презентирани наодите од анализата за информираноста и искористеноста на постојните мерки , како и потребата од воведување нови мерки (форми на подршка). Преку интерактивна дискусија учесничките разговараа за пристапот до мерките, предизвиците со кои секојдневно се соочуваат жените во руралните средини.
Посебен акцент беше ставен на предлозите произлезени од жените за подобрување на нивната економска положба и социјална сигурност.
Оваа активност е во организација на ГИЖ Свети Николе во рамки на доделениот грант за спроведување на проектот Јакнење на социо економските права на жените од руралните средини во општина Свети Николе и Лозово кој е дел од проектот Жените го превземаат водството во локалните заедници реализиран од The Kvinna till Kvinna Foundation Akcija Zdruzenska HZ Majka Kumanovo финансирано од Delegation of the European Union to North Macedonia а ко-финансирано од Embassy of Sweden in Skopje





