Тркалезна маса “Дали личиме на ЕУ?”

Родовата еднаквост е нешто кон што сите треба да се стремиме, и како индивидуалци и како општество – е една од препораките на тркалезната маса која се оддржа во Св.Николе во соработка со ГИЖ Св.Николе, во вторник на 27 април. Над 25 учеснички на тркалезната маса, имаа шанса да ја изгледаат емисијата за родовата еднаквост креирана во рамки на проектот
„Дали личиме на ЕУ“ и да дебатираат и да дадат препорака како да постигнеме родова еднаквост, што значи тоа, зошто е повеќе од нужно. Тркалезната маса е дел од активностите на проектот „Дали личиме на ЕУ„ финансиран од Европската Унија. #humanrights #womanrights Delegation of the European Union, Skopje