Работилница за застапување во Свети Николе

Програма за учество на жените 21/09/2023

Цел на оваа работилница беше жените од руралните средини да стекнат вештини за успешно застапување за нивните приоритети. Преку практична работа да стекнат знаења за елементите на планот за застапување.

Секоја група разви план за застапување за најприоритетните прашања.

Се донесоа следните заклучоци:

Жените имаат основни познавања за застапување на нивните приоритети, но сепак им е потребна менторска поддршка од Граѓанската иницијатива на жени од Свети Николе.
Изработката на плановите за застапување овозможува конкретни чекори и насоки за навремено планирање и спроведување на идните активности и за постигнување на посакуваните резултати.
Препораки
Да подготви и поднесе барања за средби со координаторот за еднакви можности, советниците, вработените во општинската администрација и со градоначалникот на општина Свети Николе.
Граѓанската иницијатива на жени од Свети Николе да им помогне на женските кругови во составувањето на барањата за состаноци.
Координативни состаноци помеѓу Граѓанската иницијатива на жени од Свети Николе и жените од сите локации пред одржување на средби со претставници на локалната самоуправа.
Најмалку 5 жени од секој женски круг да присуствуваат на состаноците за да ги застапуваат нивните приоритети
 

Акцијата е подржана од Механизмот за граѓанска отпорност (МГО) ЕУ во рамки на проектот финансиран од ЕУ “ Техничка помош за подобрување овозможувачка средина за граѓански организации во Република Северна Македонија”.