Меѓународен ден на задруги ”Задругите градат подобар свет!”

На 2 јули, во село Мустафино, жените го одбележаа Меѓународниот ден на задругарството. Темата на овогодинешниот 100-ти по ред јубилеен Меѓународен ден на задруги беше ”Задругите градат подобар свет!”. 13 жени од Сопот, Ерџелија и Свети Николе се приклучија и учествуваа на настанот. Целта на нивното учеството беше да се подигне свесноста на земјоделките за потребата од здружување, партнерства и размена на искуства. На овој настан тие се запознаа и разменија информации и искуства со жените од преспанскиот регион.

Учеството беше во организација на ГИЖ Свети Николе, а со поддршка на НВО Инфоцентарот во рамки на проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“.