Граѓанска иницијатива на жени Гиж во периодот од 02 -03 јуни 2022 година , учествуваше на обука “Користење на социјалните мрежи за поголема видливост, влијание и мобилизација на граѓани“ во хотел Панорамика во Скопје, на која обучувачи беа Огнен Јаневски и Христијан Сион Николовски. Обуката се состоеше од 3 сесии двата дена, првата сесија беше насочена кон тоа зошто ни се потребни социјалните мрежи и следуваше презентација и дискусија. Втората сесија беше наменета за социјалните мрежи Инстаграм и Фејсбук и нивното користење, додека последната трета сесија беше наменета за користење на Јутјуб и Линкдин и нивната намена.