Средба за вмрежување со жените од Лозово,Дорфлија, Ерџелија, Мустафино, Сопот

На 14.06.2022 година во големата сала во Општина Свети Николе се оддржа средба за времжување со жените од Лозово, Дорфулија, Сопот, Мустафино и Ерџелија. Целта на мрежниот состанок беше согледување на промените кои се случиле кај жените по веќе одржани едукативни работилници, постигнувањата и предизвиците на зајакнување на жените и родовата еднаквост во општина Свети Николе и Лозово. Во првиот дел од мрежниот состанок, беше испрезентиран Акцискиот план за Отворено владино партнерство.Од презентацијата жените се информираа за Иницијативата за отворено владино партнерство на локално ниво, кои се приоритетните области, предизвикот опфатен со обврската, учеството на жените и мажите во процесите на планирање и донесување на одлуки на локално ниво, зајакнување на капацитетите за соработка со ЕЛС. Следно беше што бараат жените, што е планирано а што е реализирано во Буџетите на општините. Беа испрезентирани барањата на жените, а потоа што е предвидено во програмите и буџетите на општина Свети Николе и Лозово. На крајот, следуваше дискусија и време за слободни активности и дружење со присутните учеснички.