Конференција на високо ниво за промоција на петтиот Национален акциски план за Партнерство за отворена власт 2021-2023.

На 23 февруари 2022 година Граѓанска иницијатива на жени ГИЖ учествуваше на Конференција на високо ниво за промоција на петтиот Национален акциски план за Партнерство за отворена власт 2021-2023 во  во организација на Фондацијата Отворено општество – Македонија, Министерството за информатичко општество и администрација, Центарот за граѓански комуникации и Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените. Општина Свети Николе прва општина во Македонија вклучена во светската иницијатива која се применува во 76 земји . На конференцијата беа презентирани достигнувањата од заедничката соработка помеѓу граѓанскиот сектор и локалната самоуправа.