Годишно собрание на Граѓанска иницијатива на жени

На 09.03.2022 година во Ти амо се оддржа Годишно собрание на Гиж. Целта на средбата беше презентирање на работата на Гиж за 2021 година , како и усвојување на Извештајот. Претседателката Ирина Поцкова ги истакна постигнувањата на Граѓанска иницијатива на жени, предизвиците и продолжи со извештај за работата на организацијата. Презентираше дел од финансискиот извештај и програмите за работа кои се однесуваат на Економско јакнење и учество на жените, како и финансискиот план.  На крајот беа споделени идеи и искуства, и препораки за следни активности и чекори кои ќе водат кон успеси и подобар напредок.

Резултат и заклучок : Усвојување на извештајот, унапредување на ефикасноста и препораки кон следни чекори.