На 07.04.2026 година Здружението Граѓанска иницијатива на жени ГИЖ Свети Николе одржа работилница во Штип со цел зајакнување капацитетот на жените да ги заштитат нивните здравствени права од корупција, преку:
-разбирање за тоа кои здравствени услуги им следуваат бесплатно;
-препознавање на ситуации кога им се бара неформално плаќање или друг вид корупција;
-стекнување знаење како да постапат кога ќе се соочат со корупција во здравството;
запознавање со начините и механизмите за пријавување корупција и неправилности.Проектот “Посилен систем за поправедна заштита: Намалување корупција во здравството”го спроведува Здружението Еманципација солидарност и днаквост на жените -ЕСЕ , со подршка на Фондот за борба против корупција, имплементиран од Expertise France и финансиран од Француската агенција за развој.





