Информативно-консултативна средба со општинската администрација

Во рамки на проектот „Активни жени-отчетни власти“, поддржан од Акција Здруженска од Скопје , Граѓанска иницијатива на жени ГИЖ Свети Николе  на 19 ноември 2021 година организираше информативно-консултативна средба “Програмски и буџетски одговор на општина Свети Николе на приоритетите на жените од Мустафино, Ерџелија, Сопот, Амзабегово, Кадрифаково и Горобинци”.

На средбата, организирана во просториите на Славјанскиот универзитет, присуствуваа преставници од општинската администрација и претставнички од шесте села.

Општината ги претстави плановите и програмите за наредната година, ги сослуша приоритетите на жените и нивните предлози. Заеднички заклучок на сите учесници е дека општината треба почесто да организира вакви средби со граѓаните и претставниците од заедниците во градот и во селата.