Акција-уредување на училишниот двор и пикник во село Сопот

Цел и специфични очекувања од настанот: Дружба со женски кружоци и средување на дворот во училиштето во Сопот

Идејата  за пикник во село Сопот произлезе од жените од село Дорфулија .Тие предложија на пикникот да бидат поканети и жените од  останатите кружоци , на тој начин ќе разменат меѓусебни искуства .Идеата  беше прифатена од страна на ГИЖ  и за да не биде само пикник се донесе одлука да се спроведе  и акција за уредување на училишниот двор , со цвеќиња. . Единствена шанса  за да се реализира замислената акција  мора да има и донатори .Се направи план што све е потребно од материјали и список на фирми  кој и со што   би донирале.Се стапи во контакт со фирмите им се образложи што имаме намера да правиме , и беа одушевени од нашата идеа и ни излегоа во пресрет . Кога беше све договорено за материјалите што ке бидат потребни , челична жица за ограда,мрежа , обична жица ,материјал за капија ,столбови за оградата.

На настанот присуствуваа сите поканети , а и други луѓе од селото кои пројавија интерес за да присуствуваат ,така се стигна до бројка од 60 присутни луѓе.На настанот прво се обрати преседателката на ГИЖ која ги поздрави присутните гости и ги запозна со акцијата , Милена Манева од  ГИЖ кажа кој се донаторите и што донирале , во име на ГИЖ се заблагодари на жителите од селото кои несебично  помагаа  со механизација  и работна рака  за да биде успешна акцијата.Присутните гости ги поздрави и извршната директорка на Акција Здруженска Марија Савовска.Присутните ги поздравија и претседателките на женските кружоци.Потоа жените садеа цвеќиња и ги полеваа со вода.Кога работниот дел заврши почна забавата . Жените имаа донесено  разновидна храна од сарми , ордевери ,погачи,мекици ,пити,зелници,кисело млеко овчо и кравјо поткиселено во грне , солени разноврсни ролати , сирење ,краставици,маслинки ,патлиџани ,толумби , трилеќе и други видиви на колачи.Сите присутни беа премногу задоволни од атмосверата која се створи со играње , пеење и дружење.