Во рамкте на акцијата „Вклучи се да бидеш гласна против маргинализација“, ГИЖ има потреба од ангажирање тематски експерт за подготовка на едукативна програма за буџетска писменост и застапување, и да спроведе 4 едукативни работилници наменети за членките од женските кружоци во Свети Николе и Лозово.
Општ опис на задачите
Обучувачот/ката треба да направи едукативна програма и спроведе 4 едукативни работилници (две за буџетска писменост и две за застапување) наменет за по 20 учеснички по работилница во Свети Николе од 5 женски кружоци и по 16 учеснички по работилница од 3 женски кружоци во Лозово
Задачи:
- Да развие програма за обуките – тема, цели,
- Да подготви презентацији и вежби кои ќе бидат споделени со тимот на проектот, пред обуката
- Да се спроведат две обуки за буџетска писменост една во Свети Николе и една во Лозово(надлежност на локалната самоуправа, буџет, програми)
- Да се спроведат двете обуки на тема застапување една во Лозово и една во Свети Николе
- Подгответе и поднесете извештај по секоја спроведена обука
Испораки:
- Да изработи програми за обуката и спроведе 4 обуки
- Да изготви 4 индивидуални извештаи за секоја обука посебно
- Изготви агенда и листа на учесници
Локација
Свети Николе и Лозово
Времетраење и период на спроведување на активностите
За овој ангажман предвидени се 4 работни дена . Работилниците треба да се реализираат од 21.08.2023-31.08.2023 година
Работилниците ќе се спроведат на македонски јазик.
Квалификации и вештини
- Универзитетска диплома по право, јавна администрација, политички науки, општествени науки, економија и други;
- 5 години работно искуство во изработка на напредни модули за обука и/или одржување обуки од областа на буџетирање и застапување;
- Да не е вработен/а во јавна администрација
Општо професионално искуство
Најмалку пет години искуство во управување со проекти, имплементација и работа на проекти со жени;
Специфично професионално искуство
- Искуство во спроведување на обуки (оние кои имаат искуство во испорака на
- обуки за планираните теми);
- Искуство во работа со претставници од женски граѓански организации;
- Одлично познавање на македонскиот јазик ;
Способност за работа со кратки рокови и навремена испорака на услугите.
Пријавување и избор
Заинтересираните кандидати/ки можат да се пријават со доставување на следните документи:
Професионално СВ
Писмо за искажување интерес
Методологија(план за задачата
Финансиска понуда во бруто износ од ден со вклучени патни трошоци
Пријавите треба да се достават најдоцна до 18.08.2023 до 18 часот на маил: giz_zeni@yahoo.com
Со предмет: Апликација за обучувач/ка за работилница: буџетска писменост и застапување.
Апликациите со неселосни документи нема да се разгледуваат.
Активноста се спроведува во рамките на проектот „Вклучи се да бидеш гласна против маргинализација“, поддржан од Механизмот за граѓанска оптпорност на ЕУ кој е спроведува како дел од проктот “Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“.