Цел и специфични очекувања од настанот: Изработка на почетен концепт на планови за работа на женските кружоци во Лозово,со давање предлози за конкретни активности/акции
Претседателката на ГИЖ Ирина Поцкова истакна дека треба да се продолжи со поголемо учество на жените и нивно зајакнување и влијание врз локалните политики преку формираните женски кружоци.Извршната директорка на Акција здруженска Марија Савовска истакна дека за прв пат се запознаваат со Каратманово и дека оваа година ќе настојуваат да отидат во секое село за да видат што се случува,со цел заедничко настапување,а самите жени треба да пројават интерес за заеднички настап ,за да се реализира листата на приоритетите.Тие самите како кружоци да се иницираат, да видат што има во програмите од нивните барања. Присутните беа запознаени со секоја програма и што е планирано да се направи во текот на 2023 г.за Лозово,Дорфулија и Каратманово.
Согласно Агендата,претставничките на трите кружоци направија поединечни предлог планови за работа на женските кружоци во 2023 година,преку информирање,мобилизирање/акции во заедниците,едукација и застапување.Понатаму следуваше презентирање на плановите за работа на женските кружоци,преку конкретно планирани активности поединечно по село.
10 учеснички беа конкретно запознаени со планираните средства по локации во Програмите и Буџетот на општина Лозово за 2023 год.,беа споделени добри практики за реализираните барања на жените во неколку села во државата за отворање наженски центри,беа охрабрени заеднички како женски кружоци да побараат средба кај градоначалникот со конкретни прашања што,кога,како и во кој период од планираното општина Лозово ќе реализира за трите села.Жените беа единствени во предлагањето на конкретни акции во заедницата на определени локации во селата до крајот на годината.