Работилница на тема ” Посилен  систем за поправедна заштита-намалување корупцијата во здравството”

На 8 Април 2026 во СОУ Гимназија”Славчо Стојменски”Штип се одржа инспиративна и интерактивна работилница со ученички од IV година на тема” Посилен  систем за поправедна заштита-намалување корупцијата во здравството”.

Преку отворена дискусија, младите гимназијалки ги споделија своите размислувања.

Голема благодарност до сите ученички , за нивната активност, креативност и желба за позитивни промени! 

Проектот го спроведува Граѓанска иницијатива на жени ГИЖ Свети Николе во партнерство со Здружението Еманципација солидарност и еднаквост на жените -ЕСЕ , со подршка на Фондот за борба против корупција, имплементиран од Expertise France и финансиран од Француската агенција за развој