Вмрежувачка средба со жените од 11 женски кружоци во Свети Николе

На 06 и 07 февруари 2025 година во Свети Николе се оддржа вмрежувачка средба со жените од женските кружоци од Мустафино, Ерџелија, Амзабегово, Горобинци, Сопот, Пеширово, Црнилиште, Лозово, Каратманово, Дорфулија и Милино. На оваа средба се разменуваа идеи  за активностите на женските кружоци . Целта на средбата беше да се зајакне свесноста за важноста на родовата еднаквост во локалните заедници, да се согледат промените кои се случиле кај жените   во осознавањето на важноста на улогата на жените во самостојно истакнување на своите потреби и приоритети , колку жени пројавиле  дополнително интерес за вклучување за поголемо граѓанско учество и влијание врз локалната власт. Зајакнува мрежата на подршка помеѓу жените од женските кружоци.

Средбата беше организирана во два дела на која се донесоа важни  стратешките документи(Стратешки план, комуникациски стратешки план, Програми за 2025,  и сл) од страна на Собранието на ГИЖ во проширен состав.

Активноста е планирана во рамки на институционалниот грант подржан од Акција Здруженска, финансиран од Шведска преку Квинна тилл Квинна фондација.