Работилница: Предизвици и можности за одржливост на женскиот кружок Мустафино

Цел на работилницата беше да се изработи одржлив план за функционирање на женскиот кружок преку дефинирање на клучни вредности, финансиски модели и активности кои ќе ја обезбедат неговата долгорочна стабилност. 

Од работилницата произлегоа интересни предлози од страна на жените од Мустафино, за тоа како да се информираат што поголем број жени, активности кои ќе се спроведуваат, начин на организација на женскиот кружок, извори на финансирање и застапување. 

Беше изработен план на  одржливост, визија за функционален женски центар. Активноста е планирана во рамки на Институционалниот грант подржан од Акција Здруженска, финансиран од Шведска преку Квинна тилл Квинна фондација.