Работилница „Мапирање на заедницата и запознавање со прашалникот“.

На 09.05.2025 во пицерија ТИ АМО, Граѓанската иницијатива за жените (ГИЖ) Свети Николе организираше едукативна работилница на тема „Мапирање на заедницата и запознавање со прашалникот“.

Учеснички беа 22 жени од 11 женски кружоци од руралните средини на општините Свети Николе и Лозово. Работилницата се состоеше од неколку сесии:

✅ Сесија 1: Вовед во мапирање на заедницата – што е мапирање и како може да помогне во идентификување на жени од различни профили.

✅ Сесија 2: Улога на анкетарката – како да се пристапи кон различни профили на жени.

✅ Сесија 3: Запознавање со прашалникот – учесничките пополнија прашалник и ги разгледаа деловите.

✅ Сесија 4: Практична вежба – учесничките изработија мапи на своите заедници, користејќи симболи за различни профили на жени (земјоделки, самохрани мајки, лица со посебни потреби и др.).

✅ Сесија 5: План за теренска работа – утврдени се следните чекори за теренско мапирање.

Работилницата беше одлична можност за жените да се запознаат со процесот на мапирање и да се поттикнат на активно учество во локалните иницијативи.

Оваа активност е во организација на Граѓанска иницијатива на жени ГИЖ Свети Николе подржана од  The Kvinna till Kvinna Foundation , Akcija Zdruzenska Хуманитарно Здружение Мајка , со подршка од Delegation of the European Union to North Macedonia  и ко-финансирано од Embassy of Sweden in Skopje .

#SheLeadsSheBuilds #TaaPraviRazlika #VtkaenaZenskaVizija