ЦЕЛ : да го зајакне капацитетот на жените да ги заштитат своите здравствени права од корупција, преку: разбирање на тоа кои здравствени услуги законски им следуваат бесплатно; препознавање ситуации во кои им се бара неформално плаќање или друг вид корупција; стекнување знаења за тоа како да постапат доколку се соочат со корупција во здравството; запознавање со механизмите и начините за пријавување на корупција и неправилности.
Мерки:
- Едукација и подигање на свесноста за здравстевите права;
- Едукација за препознавање коруптивни практики во здравството;
- Стекнување знаење за тоа како да постапат доколку се соочат со корупција во здравството;
- Едукација за запознавање со механизмите и начините на пријавување на корупција во здравството.
Активности:
- Организирање фокус групи за мапирање на искуства со корупција ;
- Организирање работилници : за здравствените права, што е корупција во здравството, како да постапат доколку се соочат со корупција и механизми каде да пријават корупција;
- Организирање форуми;
- Учество на национална конференција;
- Јавна кампања за информирање(социјални медиуми).
Очекувани резултати:
1. Зголемен ниво на информираност и знаење за здравствените права на жените(бесплатни здравствени/гинеколошки услуги).
2. Подобрена способност за препознавање на коруптивни практики (неформално плаќање, условување, сексторција).
3. Зголемена подготвеност за пријавување корупција.
4.Зголемена доверба кон институционалните механизми за пријавување.



