Едукативна работилница за буџетска писменост во с. Кадрифаково

Продолжуваме со зајакнување на женските кружоци  и создавање простор каде жените активно учат, разговараат и се вклучуваат во процесите на донесување одлуки на локално ниво.

На денешната едукативна работилница посветена на буџетската писменост, жените од Кадрифаково разговараа за тоа што претставува општинскиот буџет, како се планираат средствата и на кој начин граѓаните можат да влијаат врз приоритетите во својата заедница.

Разговорот покажа дека ниту една од присутните жени не беше запознаена со висината на општинскиот буџет, ниту со тоа што е предвидено во општинските програми за нивното село. Ова уште еднаш ја потврдува потребата од поголема информираност и активно учество на граѓаните во локалните процеси.

Жените ги споделија и секојдневните предизвици со кои се соочуваат:

– немаат продавница;

– немаат чиста вода за пиење;

–  немаат канализација.

Овие прашања не се само инфраструктурни проблеми – тие директно влијаат врз квалитетот на животот на сите жители во заедницата.

Женските кружоци се зголемуваат, а жените стануваат сѐ погласни и поохрабрени да ги застапуваат потребите на својата заедница. Заедно можеме да придонесеме за потранспарентни локални политики и подобри услови за живот во руралните средини.

Akcija Zdruzenska The Kvinna till Kvinna Foundation#БуџетскаПисменост #ЖенскиКружоци #Кадрифаково #ЛокалноУчество #РуралниЖени #ЗаедноЗаПромени