Жителите на Свети Николе, на 7 јули, имаа можност да разговараат со општинските инспектори да се запознаат со нивните надлежности, да ги споделат проблемите со кои се соочуваат, како и да се информирааt за начинот на кој може да пријават проблем и да побараат инспекциски надзор. Дел од граѓаните дојдоа со конкретни проблеми од областа на домувањето, комуналните услуги, градежништвото, животната средина и др. Оваа инфо-средба ја организиравме во соработка со Општина Свети Николе и Одделението за инспекциски надзор, во рамки на проектот „Локални инспекциски служби во интерес на граѓаните“, кој го спроведуваат партнерските организации НВО Инфоцентар од Скопје, Центарот на заедницата на општина Струга Community Center of Struga Municipality и Регионалниот центар за соработка СПЕКТАР од Крива Паланка. Проектот е поддржан од програмата Цивика Мобилитас Civica Mobilitas#ЛокалниИнспекцискиСлужбиВоИнтересНаГраѓаните.