ЈАВНА ДЕБАТА ПО ПОВОД 8 ми Март во организација на ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА НА ЖЕНИ ГИЖ СВЕТИ НИКОЛЕ

Средбата започна со воведно излагање на претседателката на ГИЖ Ирина Поцкова.Таа ја презентираше досегашната работа на ГИЖ , пред за истражувањата кои во текот на 2022 година ГИЖ ги спроведе да се согледат одредени работи како за економското зајакнување на жените, функционалноста на комисијата за еднакви можности на жените и мажите и истражување кое беше спроведено за примарната здравствена заштита и менталното здравје.

Подетално за истражувањето колку жените се запознаени со Активните мерки за вработување и колку жените ги користат , а оние што користеле колку се задоволни , наодите ги образложи Соња Наскова.

За истражувањето колку е функционална Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Советот на општина Свети Николе образложение даде Ирина Поцкова. Присутните беа запознаени за досегашната работа на комисијата, за соработката со координаторот за еднакви можности на жените и мажите и соработката со другите комисии.

Се донесоа и следните препораки:

  1. Да се работи на  подобрување на положбата на жените во однос на поранешниот период, но потребна е поголема подршка помеѓу самите жени (женска солидарност)
  • Надлежните механизми за унапредување на еднаквите можности на жените и мажите треба по активно да се вклучат во подготовката и донесување на програмите и буџетот на општината и да утврдат механизми за консултации со жени .
  •  за подобрување на положбатана вработената жена во општина Св.Николе,потребно е да се зголеми социјалната сигурност, да се донесе Закон со кој ќе биде регулирано платено породилно отсуство и боледување на жените земјоделки но и да се регулира неплатениот труд.
  • За подобра здравствена заштита потребно е да се формира уште еден тим за итна помош во општина Свети Николе и да се обезбеди мобилна амбуланта (мобилно санитарно возило со матичен лекар и медицинска сестра ) која ќе биде на терен за подобри здравствени услуги на жените.