Цел и специфични очекувања од настанот : Спроведување на испитување на заедницата во село Каратманово како метод
Програма : Како жените можат да одлучуваат во креирање на јавни политики- застапување,анализа на проблемите во заедниците, акции да се влијае на политиките
Модераторката детално ги запозна присутните жени со целите , методологијата и очекуваните резултати од проектот. На жените од Каратманово им беше презентирано како да ја мапираат заедницата и на кој начин да се спроведе анкетирањето на четириесет жени според исцртаната мапа на село Каратманово.Самите жени со помош на Милена Манева ГИЖ,користејќи ја и мапата во боја ги цртаа куќите ставајќи ги потребните ознаки дали во куќата има жени и деца или истата е празна,ја разбраа задачата и многу бргу ги мапираа куќите во заедницата,користејќи флип чарт и маркери во боја.Беа мапирани повеќе од 40 куќи,како помош за активноста која им следува,а тоа е анкетирањето со поделените прашалници кои претходно им беа презентирани и поделени.
На работилницата беше формиран и Женскиот Кружок во Каратманово ,по претходно образложение за неговата цел и суштина од страна на модераторката Ирина Поцкова и при тоа едногласно за претседателка е избрана Жаклина Герасова ,за заменик преседателка Ленче Пешовска и за администраторка Кристина Герасова.
Резултат и исход од активноста : Мапирање на заедницата на село Каратманово , и формирање на Женски Кружок во село Каратманово.


