Едукативна работилница за здравјето на мајките и децата

🤰 Во Свети Николе се одржа втората едукативна работилница за здравјето на мајките и децата, со фокус на мајчиното ментално здравје за време на бременоста и по породувањето.

👩‍🍼 На работилницата учествуваа 17 трудници и мајки, кои добија практични совети за грижа за сопственото здравје и за развојот на нивните деца.

👶 Посебен дел беше посветен на грижата и раната стимулација на бебињата и малите деца од 0 до 3 години.

🧠 Се зборуваше и за промените по породувањето и кога е важно да се побара стручна поддршка, а жените практикуваа и техники за релаксација и намалување на стресот.

🇲🇰🤝🇫🇷 Работилницата е дел од проектот „Соработка во областа на здравството со Северна Македонија“, поддржан од Ambassade de France à Skopje – Амбасадата на Франција во Скопје.#менталноздравје #мајчиноменталноздравје #здравјенажените #антенаталназдравственазаштита #грижазадоенчиња #грижазадеца #рандетскиразвој #SvetiNikole #ESE