Средба со преставнички од Клубот на пратенички и Комисијата за еднакви можности  при Собранието на РСМ.

Граѓанската иницијатива за жени ГИЖ Свети Николе заедно со лидерки од женските кружоци Дорфулија и Мустафино и преставнички на уште осум локални женски организации на 05. Декември 2025 остварија средба со преставнички од Клубот на пратенички и Комисијата за еднакви можности  при Собранието на РСМ. На средбата првпат се слушаше гласот на 16 жени активистки од руралните средини кои споделија искуства за проблемите и пречките со кои се соочуваат но ги истакнаа и нивните барања  во насока  државата да го препознае нивниот труд и помогне во подобрување на условите за живот на жените .

Тие побараа:

-поголемо учество на жените во процесите на донесување одлуки на локално ниво

-реформи на Законот за локална самоуправа

-јакнење на месните заедници со реални ресурси

-родово балансирано претставување

Женските организации и жените порачаа дека локалните проблеми се прашања од национален интерес и мора да бидат решени преку системски политики кои ги земаат специфичните потреби на жените од руралните средини.

Проектот се спроведува во рамки на иницијативата „Жените го преземаат водството во локалните заедници“, кој го имплементираат невладините организации The Kvinna till Kvinna Foundation Akcija Zdruzenska Хуманитарно Здружение Мајка – Куманово , со финансиска подршка од Delegation of the European Union to North Macedonia a ко-финансирано од  Embassy of Sweden in Skopje.