ЕКОНОМСКИ СИЛНА ЖЕНА – МОЖНОСТИ ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА И ВРАБОТУВАЊЕ

На 28 октомври 2026 година, во големата сала на Општина Свети Николе, се одржа настанот „Економски силна жена – можности за финансиска поддршка и вработување“, посветен на економското зајакнување на жените од руралните средини и нивната значајна улога во земјоделството и развојот на локалната заедница.
Посебен акцент беше ставен на можностите за финансиска поддршка и вработување на жените од руралните средини.
Претставник од подрачната единица на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја презентираше Мерката 115 од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој, при што учесничките се запознаа со можностите за финансиска поддршка на жените земјоделки, условите и критериумите за аплицирање и потребната документација.
Претставник од АВРМ Биро за вработување Свети Николе ги презентираше активните мерки за вработување и самовработување, со посебен осврт на можностите што им стојат на располагање на жените за вклучување на пазарот на трудот, започнување сопствен бизнис и остварување економска независност.
Во рамки на отворената дискусија, учесничките имаа можност да поставуваат прашања, да споделат искуства и да разговараат за предизвиците со кои се соочуваат при пристапот до финансиска поддршка и можностите за вработување.
Настанот е дел од проектот „Ден на руралната жена во Овчеполието“, спроведен од Граѓанска иницијатива на жени – ГИЖ Свети Николе, со поддршка од Општина Свети Николе и Институционалниот грант поддржан од Akcija Zdruzenska