ПРОГРАМА ЗА ЗАШТИТА НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРАВА, ПРЕВЕНЦИЈА И ПРИЈАВУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈА ВО ЗДРАВСТВОТО

ЦЕЛ :   да го зајакне капацитетот на жените да ги заштитат своите здравствени права од корупција, преку:  разбирање на тоа кои здравствени услуги законски им следуваат бесплатно; препознавање ситуации во кои им се бара неформално плаќање или друг вид корупција;  стекнување знаења за тоа како да постапат доколку се соочат со корупција во здравството;  запознавање со механизмите и начините за пријавување на корупција и неправилности.

Мерки:

  1. Едукација и подигање на свесноста за здравстевите права;
  2. Едукација за препознавање коруптивни практики во здравството;
  3. Стекнување знаење за тоа како да постапат доколку се соочат со корупција во здравството;
  4. Едукација за запознавање со механизмите и начините на пријавување на корупција во здравството.

Активности:

  1. Организирање  фокус групи за мапирање на искуства со корупција ;
  2. Организирање работилници : за здравствените права, што е корупција во здравството, како да постапат доколку се соочат со корупција и механизми каде да пријават корупција;
  3. Организирање форуми;
  4. Учество на национална конференција;
  5. Јавна кампања за информирање(социјални медиуми).

Очекувани резултати:

1. Зголемен ниво на информираност и знаење за здравствените права на жените(бесплатни здравствени/гинеколошки услуги).

2. Подобрена способност за препознавање на коруптивни практики (неформално плаќање, условување, сексторција).

3. Зголемена подготвеност за пријавување корупција.

4.Зголемена доверба кон институционалните механизми за пријавување.