На 25.10.2025 година повеќе од 40 жени од женските кружоци Свети Николе, Мустафино, Амзабегово, Ерџелија, Горобинци, Сопот, Црнилиште, Пеширово, Лозово, Каратманово, Дорфулија, Милино, и гости од Радика Де од Дебар и Моја фарма од Гостивар се собраа во село Мустафино на настан за размена на стари и автохтони сорти семиња.
Настанот вклучи размена на семиња, дегустација на домашни производи како и посета на нива со работилница за органско производство.
Жените споделија искуство, традиции и знаење за одржлива иднина.Настанот е во организација на Граѓанска иницијатива на жени ГИЖ Свети Николе, Радика Де од Дебар, Моја фарма од Гостивар
Настанот е подржан од НВО Инфоцентар и Европската Унија.







