Жените од село Мустафино на ден 07.07.2022 година , имаа можност да разговараат со општинските инспектори, да се запознаат со нивните надлежности, да ги споделат проблемите со кои се соочуваат, како и да се информираат за начинот на кој може да пријават проблем и да побараат инспекциски надзор.Инфо-средба ја организиравме во соработка со Општина Свети Николе и Одделението за инспекциски надзор, во рамки на проектот „Локални инспекциски служби во интерес на граѓаните“, кој го спроведуваат партнерските организации НВО Инфоцентар од Скопје, Центарот на заедницата на општина Струга Community Center of Struga Municipality и Регионалниот центар за соработка СПЕКТАР од Крива Паланка. Проектот е поддржан од програмата Цивика Мобилитас Civica Mobilitas #ЛокалниИнспекцискиСлужбиВоИнтересНаГраѓаните

