ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА НА ЖЕНИ ГИЖ СВЕТИ НИКОЛЕ

На седницата на одржано собрание по првата точка се дискутираше за постигнувањата , предизвиците и понатамошната работа на ГИЖ. Се дискутираше за измена и дополнување на Статутот на ГИЖ. Главна допуна на Статутот е проширување на организационата структура на ГИЖ  формирање на 8 ограноци на ГИЖ во повеќе заедници во две општини: општина Свети Николе и општина Лозово. Измени и допуни на Статутот едногласно беа прифатени.

Претседателката го презентираше Наративниот извештај за 2022, што е сработено во минатата година. Од страна на присутните беше оценето како успешна година, но пред нас е година со многу предизвици кои со поголемо ангажирање на сите треба да се надминат. И минатата година имавме проблеми пред се непополнета стручна служба( на 31.07.2022 им беше прекинат работниот однос на двете вработени). Се дискутираше дека има потреба од практикантка, а ако има можност и вработување на проектен асистент (доколку се добијат проекти). Но имаше доста успешни работи пред се формирањето 7 женски кружоци, проширување на уште една заедница(Сопот), проширена соработка со Инфоцентар и др. Извештајот беше прифатен од страна на сите присутни  членки на собранието.

Се разгледаа програмите за учество и програмата за економско зајакнување. Се дискутираше за она што треба да го работиме, и се заклучи дека треба посебно да се работи со женските кружоци за да можат да профункционираат да се најде простор и спроведува  програмата за работа на кружоците. Во однос на програмата за економско зајакнување се дискутираше за економско зајакнување на руралните жени, како да се зајакне здружувањето,како да се подобри пристапот на АВРМ со жените. Програмите едногласно беа прифатени.

Се дискутираше за функционирањето на ГИЖ, унапредување во работата..

Оваа година треба да работиме на ажурирање базата на членки, аниматорки и соработнички.

За оваа година се обезбедени средства од институционалниот грант од Акција здруженска и за проектот Вклучи се во родово локални политики 3. Треба да се работи на проекти за да обезбедиме средства за фунционирање на организацијa.