Граѓанска иницијатива на жени ГИЖ од Свети Николе учествуваше на настанот „Секој слушнал за Еразмус+“, организиран во Општина Лозово, Организација на жени Лозово кој претставуваше одлична можност за информирање за програмата Еразмус+, размена на искуства и воспоставување нови партнерства.
Настанот беше искористен и за промоција на традиционални и домашно произведени производи изработени од вредните раце на жените од руралните средини, со што се истакна значењето на женското претприемништво, локалното производство и економското јакнење на жените.
Посебна вредност на настанот беше можноста за вмрежување на жените од Лозово, Свети Николе, Велес, Градско и Штип, кои разменија искуства, идеи и предлози за идни заеднички иницијативи и активности.
Во рамки на настанот се одржа и средба со градоначалникот на Општина Лозово и претседателката на Советот на Општината. По тој повод, на градоначалникот му беше врачена слика изработена од жените од Лозово на креативна работилница, со симболичната порака „Жените прават промени“, како признание за нивната активност и придонес во локалната заедница.
Воедно, на градоначалникот и на претседателката на Советот им беа доставени флаери со предлог социо-економски мерки предложени од жените, кои во моментов не се содржани во локалните програми и политики, а се препознаени како приоритетни за подобрување на социо-економската состојба на жените во руралните средини. Преку овој чин беше испратена јасна порака дека жените не се само кориснички на политики, туку и активни креаторки на решенија за развојот на своите заедници.
Ваквите настани покажуваат дека кога жените се поврзуваат, соработуваат и ги застапуваат своите потреби, се создаваат реални можности за позитивни промени и поинклузивен локален развој #ЕразмусПлус #Лозово #ГраѓанскаИницијативаНаЖени #ЖенитеПраватПромени #ЖенскоПретприемништво #СоциоЕкономскиПрава #РуралниЖени #Вмрежување #ЛокаленРазвој #ЗаедноСмеПосилни
ГИЖ е подржан во рамки на проектот Жените го превземаат водствотово локалните заедници The Kvinna till Kvinna Foundation Akcija Zdruzenska HZMajka финансиран од Delegation of the European Union to North Macedonia а ко-финансиран од Embassy of Sweden in Skopje






