ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ЗДРУЖЕНИЕТО ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА НА ЖЕНИ (ГИЖ) СВЕТИ НИКОЛЕ

Здружението Граѓанска иницијатива на жени ГИЖ Свети Николе (во натамошниот текст „ГИЖ Свети Николе“), е здружение на граѓани од Република Северна Македонија формирано во 2002 година со цел унапредување на родовата еднаквост, поголема застапеност и вклученост на жените во процесите на донесување одлуки на локално ниво и и економско зајакнување на жените.

Со цел транспарентна и законска обработка на личните податоци, ГИЖ Свети Николе ја подготви и оваа Политика за приватност со која Ве информираме за природата, обемот и целта за која ги собираме, користиме и обработуваме Вашите лични податоци, за начинот на кој ги штитиме Вашите лични податоци, како и за Вашите права што произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци.

Согласно Законот за заштита на личните податоци, контролор на податоците е:

Назив: Граѓанска иницијатива на жени ГИЖ Свети Николе
Адреса: Плиштад Илинден бр.12Свети Николе (зграда на ЗИК Овче Поле)
Tелефон: 078 456 334
E-маил: giz_zeni@yahoo.com

1. Дефиниции

Лични податоци

Под личен податок се подразбира секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет.

Субјект на личните податоци

Субјект на личните податоци е идентификувано или физичко лице кое може да се идентификува, чии лични податоци ги обработува контролорот одговорен за обработка на личните податоци.

Обработка на личните податоци

Обработка на личните податоци е секоја операција или збир на операции кои се извршуваат врз личните податоци, или група на лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување.

Контролор

Контролор е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци, а кога целите и начинот на обработка на личните податоци се утврдени со закон, со истиот закон се определуваат контролорот или посебните критериуми за негово определување.

Обработувач

Обработувач е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело кое ги обработува личните податоци во име на контролорот.

Согласност

Согласност на субјектот е секоја слободно дадена, конкретна, информирана и недвосмислена изјава на волја, преку изјава или јасно потврдено дејствие, а со кои се изразува согласност за обработка на неговите лични податоци. Кога вашите лични податоци се обработуваат врз основа на вашата согласност, вие имате право секое време да ја повлечете вашата согласност и ние ќе престанеме со обработка на вашите лични податоци.

Субјекти на лични податоци

ГИЖ Свети Николе ги обработува личните податоци на следниве категории на субјекти:
– Вработените во ГИЖ Свети Николе
– Членови на здружението и членови на органите на управување на ГИЖ Свети Николе( извршен одбор, надзорен одбор, собрание), раководствата на женските кружоци.
– Надворешни соработници
– Учесници на настани
– Корисници на нашата веб страница.

Категории на лични податоци

За наведените субјекти на лични податоци ГИЖ Свети Николе ги обработува следниве категории на лични податоци:

Вработени во ГИЖ Свети Николе

– За цели на исполнување на договорни обврски и врз основа на Законот за евиденциите од областа на трудот, ГИЖ Свети Николе за своите вработени обработува:
o Име и презиме, адреса на живеење, ЕМБГ, ден, месец, година раѓање, степен и вид на завршено образование, работно време, боледувања, одмори, податоци за плата, транскациска сметка.
o Дополнително, здружението за своите вработени врз основа на изречна согласност може да обработува слика на вработените, контакт и информации за итни случаи
– Податоците за вработените ги чува 45 години согласно Законот за евиденции од областа на трудот.
– ГИЖ Свети Николе ги обработува податоците за своите вработени за исполнување на договорните обврски кои произлегуваат од договорот за вработување, законските обврски кои поризлегуваат од Закнот за вработување и Законот за евиденции од областа на трудот како и врз основа на согласност.
– Имајќи ја предвид дејноста на здружението како и финасирањето на работењето на здружението преку проекти поддржани и од меѓународни организации, ГИЖ Свети Николе е можно да споделува податоци со меѓународни организации. ГИЖ Свети Николе обрнува посебно внимание споделените податоци да се во рамки на неопходните податоци за да се исполни договорната обврска со донаторот и истите да бидат заштитени при преносот со соодветни технички и организациски мерки. Дополнително, податоците можат да станат достапни на други корисници согласно закон со доставено писмено барање со конкретен правен основ за бараните податоци.
– Податоците за вработнеите како што се име и презиме и слика врз основа на изречна согласност можат да се објавуваат на веб страницата на ГИЖ Свети Николе.
– Сите вработени во здружението од самиот почеток на вработување се запознаени со процедурите и обучени за заштита на личните податоци и безбедноста на информатичкиот систем, и се овластени во рамки на своите надлежности да постапуваат со личните податоци на засегнатите страни.

Членови на ГИЖ Свети Николе

– За целите на исполнување на законските обврски кои произлегуваат од Законот за здруженија и фондации, ГИЖ Свети Николе води евиденција на членови, односно Регистар на членови, каде се обработуваат личните податоци на членовите на здружението како и членовите на органите на управување и раководствата на женските кружоци. За своите членови , раководствата на женските кружоци, и членовите на органите на управување, ГИЖ Свети Николе ги обработува следниве лични податоци:
o Име и презиме, датум на плаќање на членарина, датум на раѓање, адреса, податоци за образование, работно место, е-маил, телефонски број.
– Податоците за членовите се чуваат 10 години од денот на престанокот на членството во организацијата.
– Податоците за членовите на Управните органи, врз основа на изречна согласност се објавуваат на веб страницата на ГИЖ Свети Николе.

Надворешни соработници

– За извршување на различни активности од својот делокруг, ГИЖ Свети Николе ангажира различни профили на надворешни соработници (консултантни, обучувачи, преведувачи…), чии лични податоци ги обработуваме за цели на исполнување на договорни обврски. За надворшените соработници, ГИЖ Свети Николе ги обработува следниве лични податоци:
o Име и презиме, ЕМБГ, адреса на живеење, трансакциска сметка
– Податоците за надворешните оработници се чуваат 10 години од денот на извршување на договорот за услуги за целите на ревизии на проектите и активностите на организацијата.
– Податоците за надворешни податоци е можно да се споделат со донаторите на здружението за цели на исполнување на договорните обврски кои произлегуваат од договорот за спроведување на проект со донаторот, а со цел потврдување за извршување на договрниот ангажман од страна на надворешниот соработник.

Учесници на обуки/семинари/конференции

– ГИЖ Свети Николе во рамки на своите активности организира различни семинари, обуки, конференции, при што за цели на организирање на активностите и известување до нашите донатори, ги обработуваме следниве лични податоци:
o Име и презиме, место/ организација и институција, телефонски број, е-маил и потпис
– Податоците за учесниците на обуки се чуваат 10 години од денот на оддржување за целите на ревизии на проектите и активностите на организацијата.
– Податоците кои ги обработува за учесниците на настани се собираат за цели на документирање за оддржаниот настан и за цели на ревизии, внатрешни и надворешни за потврдување на присуство на потпишаните лица.
– За време на настаните се врши сликање и во одредени случаи и снимање, за што ГИЖ Свети Николе ги информира учесниците и при самото номинирање и пред да почне настанот. Доколку, во одредена слика објавена на нашата веб страна, социјални медиуми или на други медиуми сакате да се избрише, ве молам да не контактирате , за што во дадениот законски рок, ГИЖ Свети Николе истата ќе ја тргне од местото каде што е поставено. Здружението ќе изврши напори во рамки на можностите да ги информира и да побара сликата да се тргне и од други медиуми ако е преземено и реобјавено.
– За подетални информации за обработката на личните податоци на учесници на настани, ве молиме контактирате не.

Корисници на нашата веб страница.

– Нашата веб страница овозможува да не контактирате преку контакт формата. Истото може да го направите и на анонимен начин, но доколку сте согласни да внесете и ваши лични податоци. За таа цел преку нашата контакт форма може да се обрабтоуваат следниве лични податоци:
o Име и презиме, е-маил адреса, тема и вашата порака.
– Податоците добиени преку контакт формата се бришат по дадениот одоговор.

Интегритет и доверливост на личните податоци

ГИЖ Свети Николе презема соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци што се собираат преку оваа веб страница од неовластен пристап, незаконско откривање и уништување на податоците. Пристапот до личните податоци е ограничен само на лицата кои се посебно овластени за тоа.

Колачиња (Cookies)

Нашата веб страница не користи колачиња, но ќе бидат поставени до крајот на 2024 година. Колачињата се текстуални датотеки зачувани во Вашиот информациски систем преку веб пребарувачот.
Многу колачиња содржат таканаречен ИД на колачето – единствен идентификатор на колачето, кој се состои од низа карактери преку кои посетените веб страници ги разликуваат веб пребарувачите на нивните корисници од другите веб пребарувачи, а со помош на единствениот идентификатор на колачето.
Со користење на колачиња, ќе понудиме подобри услуги за посетителите и корисниците на нашата веб страница. Колачињата ни овозможуваат, да Ве препознаваме со цел да Ви го олесниме користењето на нашата веб страница. Доколку користите колачиња на нашата веб страница, не мора секогаш кога пристапувате до веб страницата да внесувате податоци за пристап, затоа што ги преземате од веб страницата и колачето е зачувано на Вашиот информациски систем.
Како посетител или корисник на нашата веб страница, можете во секое време да спречите поставување на колачиња со користење на соодветна поставка на веб пребарувачот или трајно да го одбиете поставувањето колачиња, а може и на колачињата кои ќе бидат поставени да ги избришете во кое било време преку веб пребарувачот или други софтверски програми. Ако го исклучите поставувањето колачиња преку веб пребарувачот, не ќе може во целост да ги користите сите функции на нашата веб страница.

Собирање на општи податоци и информации

Нашата веб страница собира низа општи податоци и информации кога пристапувате до неа. Овие општи податоци и информации се зачувани во лог фајловите (датотеките) на серверот. Собраните податоци и информации може да се однесуваат на (1) видот на веб пребарувачот и користените верзии, (2) оперативниот систем што го користи системот за пристап, (3) веб страницата од која системот за пристап пристапува до нашата веб страница, (4) датумот и времето на пристап до веб страницата, (5) адресата на Интернет протоколот (IP адресата), (6) давателот на Интернет услуги на системот за пристап и (7) други слични информации што можат да се користат во случај на напад врз нашиот информациски систем.
При користење на овие општи податоци и информации, не донесуваме заклучоци за корисникот. Наместо тоа, овие информации ни се потребни за (1) правилно да ја испорачаме содржината на нашата веб страница, (2) да ја оптимизираме содржината на нашата веб страница, (3) да обезбедиме долгорочна одржливост на нашиот информациски систем и технологијата на веб страницата, и (4) да им ги дадеме на органите за спроведување на законот информациите потребни за гонење во случај на сајбер-напад. Затоа, анонимно анализираме и собираме статистички податоци со цел да обезбедиме оптимално ниво на заштита на личните податоци што ги обработуваме. Анонимните податоци од лог фајловите (датотеките) на серверите се зачувуваат одделно од Вашите лични податоци.

Рокови за чување

Податоците кои се собираат врз основа на вашата согласност се обработуваат се до повлекување на вашата согласност или исполнување на целите за собирање на податоците. Податоците кои се обработуваат врз основа на исполнување на законска обврска се чуваат во рамки на законските дадени рокови. По исполнување на целите податоците се уништуваат во согласност со материјалните и архивските прописи.

Пренос на лични податоци

Податоците за извршени актиности во ГИЖ Свети Николе за цели на известување и ревизија се доставуваат до меѓународните организации, донатори на нашата организација.

Споделување на податоци со трети страни

ГИЖ Свети Николе за дел од своите активности ангажира различни компании и поединци за извршување на стручни услуги и врз основа на законот за заштита на личните податоци овие лица дејствуваат во својство на обработувач. Обработувач согласно законот за заштита на личните податоци е секое лице кое во име и за сметка на ГИЖ Свети Николе ги обработува личните податоци кои ги обработува здружението.

Вашите права

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:
– право да бидете информирани за обработката на личните податоци
– право на пристап до личните податоци
– право на исправка и бришење на личните податоци
– право на ограничување на обработката на личните податоци
– право на приговор
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да не контактирате.

Вашето право за поднесување на барање до надлежниот орган

Доколку сметате дека организацијата при обработка на Вашите лични податоци ги повредува одредбите од ЗЗЛП, имате право да поднесете барање до надзорниот орган Агенција за заштита на личните податоци. 

Барање: https://www.dzlp.mk/node/3274