
Програма за учество на жените 22/Август/2023 Свети Николе
Во општина Свети Николе беше одржана прва обука за Буџетска писменост со цел жените од Ерџелија, Мустафино, Амзабегово, Горобинци и Сопот да се стекнат со знаење за Програмите и Буџетот на општина Свети Николе. Беше разговарано за тоа што е планирано за нивните заедници во Буџетот и програмите , со кои проблеми се соочуваат. Исто така беше разговарано за тоа како повеќе жени да се вклучуваат во женските кружоци кои постепено треба да зајакнат. Обуката беше спроведена од Ирина Поцкова Координаторка на акцијата “Вклучи се да бидеш гласна против маргинализација”, а на обуката присуствуваа 23 жени од 5 рурални средини од општина Свети Николе.
Оваа активност е дел од проектот “Вклучи се, да бидеш гласна-против маргинализација “ подржан од ЕУ–Механизмот за граѓанска отпорност МГО во рамки на проектот финансиран од ЕУ” Техничка помош за подобрување на овозможувачката средина за граѓански организации во Република Северна Македонија.”