Работилница за буџетска писменост во Лозово

Програма за учество на жените    28/Август/2023  Лозово

Во општина Лозово беше одржана работилница за Буџетска писменост со цел жените да се стекнат со знаење за надлежностите на општината, Програмите и Буџетот на општина Лозово.  Беше разговарано за тоа што е планирано за нивните заедници во Буџетот и програмите, што е реализирано ,бидејќи од планирањето  зависат  нивните услови за живот. Исто така беше разговарано за тоа како  повеќе жени да се вклучуваат во женските кружоци кои постепено треба да зајакнат. Обуката беше спроведена од Ирина Поцкова Координаторка на акцијата “Вклучи се да бидеш гласна против маргинализација”, а на обуката присуствуваа 15 жени од женските кружоци од Лозово, Каратманово и Дорфулија. 

Оваа активност е дел од  проектот Вклучи се, да бидеш гласна-против маргинализација подржан  од ЕУМеханизмот за граѓанска отпорност МГО  во рамки на проектот финансиран од ЕУ Техничка помош за подобрување на овозможувачката средина за граѓански организации во Република Северна Македонија.”