Цел и специфични очекувања од настанот : Запознавање на жените со Активни програми , мерки за вработување и услуги на пазарот на труд ,заинтересираноста и користење од страна на жените.
Седумнаесет жени од село Горобинци се запознаа со трите мерки , подигната свесност и искажаа заинтересираност и можност за нивно користење.Се презентираа три мерки и тоа : мерката за претприемаштво, мерката за субвенционирано вработување и услугите што ги пружа Агенцијата за вработување.
Се разговараше и за мерката 115 која е подршка за инвестиции за женски член во земјоделско домакинство а целта е подобрување на целокупните резултати од работењето на земјоделското стопанство .
Жените се интересираа за условите под кои се користат средствата, критериумите кои треба да ги исполни барателот, висината на подршката.
Се дискутираше за состојбата во која се наоѓаат жените во Горобинци. Ги истакнаа повторно проблемите со кои се соочуваат, дека ништо не е направено во Горобинци за подобрување на условите на жените.
Резултат и исход од активноста : Подигната свесност и запознаеност на 17 жени од Горобинци со Оперативниот план за активните мерки за вработување и мерката 115


