Цел и специфични очекувања од настанот : Целта на средбата е запознавање на жените со програмите и буџетот на општина Свети Николе, и досегашни истакнати проблеми со кои се соочуваат жените.
Во програмите и буџетот за с.Ерџелија предвидено е во Програмата за образование, Изградба на балон спортска сала во ООУ Даме Груев, во Програмата за Социјална заштита предвидено е Изградба на детска градинка.
Во програмите и буџетот за с.Мустафино предвидено е во Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локални патишта и улици во општина Свети Николе, Локален меѓуопштински пат Мустафино-Врсаково (земјен пат) и во Програмата за Уредување на градежно земјиште, изградба на фекална канализација.
Во програмите и буџетот за с.Амзабегово предвидено е во Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локални патишта и улици во општина Свети Николе, Локален пат бр.1 од с.Амзабегово спој со регионален пат до с.Црнилиште.
Резултат и исход од активноста : Жените се запознаени со програмите и буџетот на општина Свети Николе, и ги истакнаа досегашните постоечки проблеми и новите проблеми со кои се соочуваат, така што се пронајде и заеднички приоритет важен за тие 3 села.